5.9 милиони денари за проекти на НУЦК „Трајко Прокопиев“

Сподели со своите пријатели

Националната установа Центар за култура „Трајко Прокопиев“ од Куманово, во рамките на Годишните конкурси за финансирање проекти од национален интерес во културата за 2020 година, има одобрено вкупно 5,9 милиони денари за околу дваесетина проекти.

Loading...

Најмногу средства или 1,1 милиони денари се доделени за претставата „Гробишта на автомобили“ од авторот Фернандо Арабал, а во режија на Нела Витошевиќ.

910.000 денари Центарот за култура ќе добие за набавка на техничка опрема за осветлување, а 10.000 денари помалку се предвидени за претставата „Затвореник од 15-от кат“ од авторот Нил Сајмон, а во режија на Афеида Боричи и истата ќе биде изведена од Албанска драма при кумановскиот театар.

Фестивалот „Денови на комедија“ има добиено 700.000 денари, на чиј репертоар има минимум 12 претстави во период од две недели.

Во продолжение сите проекти, за кои Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ има одобрено средства од Министерството за култура.

Фолклорна и сценоско – уметничка дејност

Во оваа ставка три проекти ќе поделат вкупно 200.000 денари:

„Едногодишна работа на Детско-младински ансамбл „Срма“ – 60.000 денари.

Loading...

„Прослава по повод празникот Илинден“ – 40.000 денари.

„Со песна да ти кажам“ – 100.000 денари.

Музичко и музичко-сценска дејност

Во овој дел НУЦК „Трајко Прокопиев“ ќе добие вкупно 220.000 денари за четири проекти.

Вечер со музиката на Трајко Прокопиев, односно за патрониот празник на институцијата, се предвидени 1.000 евра.

Концерт на трио џентлмен „За дамата“ има одобрени 40.000 денари.

Педесет илјади денари ќе добие концетот на „The Quartet“.

За караоке шоу фестивалот се предвидени 70.000 денари.

Loading...

Визуелни уметности и архитектура и дизајн

За оваа дејност се предвидени 335.000 денари:

Проектот „Скици 2020“ ќе добие 45.000 денари, а десет илјади помалку проектот „Самоуки 2020“.

Манифестацијата „Кумановски графичари 2020“ има одобрени вкупно 45.000 денари.

„Старо Куманово низ фотографии“ од Маријан Јаневски има на располагање 50.000 денари, а двојно помалку се издвоени за изложбата на слики „Кругови“ на Јовица Ивановски.

Триесет и петилјади денари се одделени за одбележување на Четирисет и петгодишната кариера на Мирослав Трендафиловски.

Копродукциска соработка со Меѓународна ликовна колонија Карпино – 20.000 денари.

Преземање на изложба од Струмичка ликовна колонија – 10.000 денари.

Loading...

Превземање на изложба Интернационален фестивал на афоризми и карикатура Струмица 2020 – 10.000 денари.

Самостојна изложба на слики од Влатко Тасевски – 25.000 денари.

Изложба „Квадратот низ цртежи и графики“ на Валентина Илиевска – 35.000 денари.

Драмска дејност

За оваа ставка се издвоени и најмногу средства, односно вкупно 4,2 милиони денари:

„Гробишта на автомобили“ – автор Фернандо Арабал, режија Нела Витошевиќ  1,1 милиони денари.

Loading...

„Вообразен болен“ – автор Жан Батист Поклен Молиер, режија Драгана Стојчевска Гунин – 700.000 денари.

„Игра на љубовта“ – автор Пјер де Мариво, режија Нехат Мемети (албански јазик) – 800.000 денари.

„Затвореник од 15-тиот кат“, автор Нил Сајмон, режија Афеида Боричи (албански јазик) – 900.000 денари.

„23 Меѓународен театарски фестивал „Денови на комедија“ – 700.000 денари.

Литература и издавачка дејност

Loading...

„Молчи и танцувај“ од Светлана Антиќ Јовчевска – 40.000 денари.

Инвестиционо и техничко одржување на објекти и опрема од културата во државна сопственост

Набавка на техничка опрема за осветлување – 910.000 денари.

Никола Ивановски

Leave a Reply