49 кумановци не одржувале дистанца во изнајмен угостителски објект

Сподели со своите пријатели

Во изнајмен објект во центарот на Куманово вчера биле заткенати 49 лица, од кои шест малолетници, кои не ги почитувале здравствените прописи за време на епидемија.

Loading...

– На 25.02.2021 во 17.22 часот во СВР Куманово било пријавено дека во угостителски објект на улица „Гоце Делчев“ има група граѓани кои не ги почитуваат здравствените прописи за време на епидемија, информираат од Секторот за внатрешни работи Куманово.

Како што појаснуваат оттаму, полициски службеници и инспектори од Државниот пазарен инспекторат извршиле контрола во објектот, сопственост на И.А.(30) од Куманово, а изнајмен на А.М.(20) од Куманово, биле затекнати 49 лица, од кои шест малолетници, кои не одржувале дистанца и не носеле заштитна опрема, со што биле прекршени мерките на Владата за спречување на ширењето на Ковид 19.

По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Никола Ивановски

Leave a Reply