46 лица не го почитувале полицискиот час, приведени 17

Сподели со своите пријатели

Според статистиките на МВР, во текот на изминатото деноноќие (31.03/01.04) на територијата на државата на 101 лица им се издадени решенија за изолација, а 217 лица потпишале изјава за самоизолација.

Loading...

Oд страна на полициски службеници во извршените контроли над лица во изолација и самоизолација, констатирано е дека во два различни случаи, две лица што биле во самоизолација не се затекнати во својот дом.

По однос на забраната за движење во текот на изминатите 24 часа евидентирано е дека на ниво на цела држава 46 лица не ја почитувале забраната за движење, приведени се 17 лица , а за останатите лица се изготвени записници.

Никола Ивановски

Leave a Reply