46 кумановци вчера казнети за неносење маска

Сподели со своите пријатели

Четириесет и шест лица во Куманово вчера биле казнети поради непочитување на законската обврска за задолжително носење заштитна маска на лицето.

Loading...

– Во текот на изминатото деноноќие според статистиката на МВР за периодот (03.03/04.03.2021), по однос на Уредбата за задолжително носење заштита на лицето, евидентирано е дека на ниво на Секторот за внатрешни работи Куманово 78 лица не ја почитувалe, информираат од кумановската полиција.

Од вкупниот број издадени прекршочни налози, најмногу се во Куманово 46, во Крива Паланка се 19 и во Кратово 13.

За истите, како што појаснуваат од СВР Куманово, ќе следуваат соодветни мерки.

Никола Ивановски

Leave a Reply