40 секунди хорор: Продавач успеа да совлада напад со нож од 20 см (видео)

Сподели со своите пријатели

Мохамед Али Акхтар, на својот втор работен ден во продавница во Манчестер се соочил со вистински хорор, кога на него налетал разбојник со нож од 20 сантиметри.

Loading...

Во продавницата влезе маж со маска, на кој му кажав да ја симне маската и да не се занесува многу. Меѓутоа, во иста секунда сфатив дека напаѓачот вади нож, и не ми преостануваше ништо друго, освен да го нападнам, вели Мохамед.

Во тие дваесет секунди, Мохамед се здобил со убодни рани на десното уво, само на неколку сантиметри од главната артерија на вратот.

Тие неколку секунди, мислев дека ќе умрам. Напаѓачот беше упорен, иако имаше едвај од 16 до 18 години. За време на нападот, мислев само на децата и жената дома. Успеав да го совладам напаѓачот, и од тој ден, секогаш кога ќе влезам во кујната дома, ги тргам сите ножеви, вели Акхтар.

https://www.youtube.com/watch?v=pjt4krFr2BI


Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *