4 прекршувања на полицискиот час во куманово

Сподели со своите пријатели

Во текот на изминатото деноноќие четири лица во Куманово не ја почитувале забраната за движење, додека пак по однос на прекршување на Уредбата за задолжително носење заштита на лицето казнети биле 79 лица.

Loading...

– Во текот на изминатото деноноќие според статистиката на МВР за периодот (30.03/31.03.2021), по однос на Уредбата за задолжително носење заштита на лицето, евидентирано е дека на ниво на Секторот за внатрешни работи Куманово 121 лица не ја почитувалe, информираат од кумановската полиција.

Најголем дел од прекршочните налози биле издадени во Куманово 79, во Крива Паланка 35 и во Кратово 7.

За истите, како што појаснуваат од СВР Куманово, ќе следуваат соодветни мерки.

Во истиот период 4 (четири) лица не ја почитувале забраната за движење.

Никола Ивановски

Leave a Reply