4 фитнес заблуди кои ни стојат на патот

Сподели со своите пријатели

Кога конечно ќе решиме да го промениме нашиот биоритам, да ја балансираме нашата диета и да внесеме вежбање во нашата дневна рутина, наидуваме на еден куп ставови и верувања кои се неосновани и нè саботираат на нашиот пат кон целта, а тие ставови најчесто се однесуваат на правилно вежбање.

Loading...

Денес, ние ги рушиме најчестите митови за фитнеотс, кои стојат на патот на вашата тенка линија.

1. Стомачните вежби ќе ги стопат масните наслаги на стомакот

Вежбањето за стомачните мускули ќе ни помогне да ги зајакнеме и дефинираме мускулите на абдоменот, но не и да ги отстраниме масните наслаги.

За да се стопиме маснотиите, треба да го искористиме кардио тренингот со кој се трошат најмногу калории.

На крајот на краиштата, масните наслаги никогаш не се топат од регионот за којшто ги правиме вежбите, туку рамномерно од целата површина на телото.

Image by StockSnap from Pixabay

Loading...

2. Колку повеќе тренинг, толку подобро!

Повеќето луѓе веруваат дека резултатите ќе бидат колку што е можно поинтензивни како и вежбите, но сепак, важно е да се знае дека најпозитивните промени во нашето тело се случуваат за време на одмор, така што правилниот ритам за тренинг би бил три дена вежбање, ден пауза.

Најдоброто решение за слабеење е умерена физичка активност со долгорочен план за тренинг и исхрана.

3. Вежби со низок интензитет се најдобри за губење на тежината

Вежбите со низок интензитет согоруваат најмногу маснотии, но при гледањето на конечниот резултат не е количината на маснотии или јаглени хидрати што се консумира, туку вкупната потрошена количина на калории, бидејќи тоа резултира со калориски дефицит што е предуслов за ефикасно слабеење.

Image by Sebastian Šoška from Pixabay

4. Вежбањето на празен стомак има најголем ефект

Loading...

Всушност, овој факт е точен, но со себе носи и одредени опасности. Вежби пред првиот оброк може да предизвикаат пад на шеќерот во крвта, останување без здив, пад на крвниот притисок, па дури и губење на свеста.

Лесен оброк еден час и половина пред тренингот ќе ги спречи овие несакани ефекти и нема да ви пречи да согорите калории за време на тренингот.

Промената на навиките за јадење и начинот на живот е главна цел кога сакаме да изгубиме тежина. Најдобар показател за тоа како правилно се приближуваме кон промената е како се чувствуваме и колку напор вложуваме во него.

Image by StockSnap from Pixabay

Leave a Reply