38-годишник и тинејџери од Куманово ќе одговараат за повеќе кривични дела

Сподели со своите пријатели

Секторот за внатрешни работи Тетово поднесе кривична пријава против С.М. (38) од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела “предизвикување општа опасност“ “напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста“, “тешка кражба во обид“ и две кривични дела “кражба“ и против С.И.(19) и 16 годишен малолетник двајцата од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело “помагање“.

Како што информираат од Министерството за внатрешни работи на 07.02.2018 година на реон на селото Боговиње, од страна на полициски службеници, при обид за сопирање на возило, управувано од првопријавениот, истиот со голема брзина го насочил возилото кон полициски службеник, при што од други полициски службеници била издадена усна наредба и биле испукани неколку истрели во воздух за предупредување.

Притоа првопријавениот продолжил со движење со возилото и успеал да побегне.

По преземени мерки, било утврдено дека второ и третопријавениот, му помагале на провопријавениот во бегството, по што во Скопје, во населбата Ѓорче Петров лицата биле лишени од слобода.

При постапката за расчистување на настанот, било утврдено дека првопријавениот во период од 11.01.2018 година до 08.02.2018 година во Тетово на улицата ”Благоја Тоска” во куќата на И.Т. извршил тешка кражба во обид, додека на различни локации во Тетово вршел кражби на регистарски таблички од возила.

Leave a Reply