38-годишен кумановец ќе одговара за поседување хероин

Сподели со своите пријатели

Триесет и осумгодишен кумановец заработи кривична пријава, откако во јули полицијата му пронашла хероин.

Loading...

– СВР Куманово поднесе кривична пријава против Н.Н.(38) од Куманово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Како што појаснуваат од полицијата, на 17.07.2020 на ул.„Народна револуција“ во Куманово, полициски службеници сопреле патничко возило „рено“, во кое како сопатник се превезувал Н.Н., кој претходно од прозорецот на возилото фрлил пакување со хероин.

Никола Ивановски

Leave a Reply