35-годишен кумановец ќе одговара за поседување марихуана

Сподели со своите пријатели

Триесет и петгодишен кумановец заработи кривична пријава поради поседување марихуана.

Loading...

СВР Куманово поднесе кривична пријава против Д.Ј.(35) од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Како што појаснуваат од полицијата, на 24.08.2019 на ул.„Народна револуција“ во Куманово, полициски службеници извршиле преглед над пријавениот, при што пронашле и одзеле марихуана.

Leave a Reply