33 танчерки приведе полицијата низ локали во Тетово и Гостивар

Сподели со своите пријатели

На 20/21.07.2018 година во времето од 22,00 до 04,00 часот од страна на полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Тетово беше спроведена акциска контрола во пет угостителски објекти, од кои двa на подрачјето на Тетово и три на подрачјето на Гостивар, каде биле затекнати девет странски државјанки (Србија, Црна Гора, Косово, Хрватска и Босна и Херцеговина) и 24 државјанки на Р.Македонија, кои работеле како танчерки.

Како што информираат од Министерството за внатрешни работи, истите биле приведени и задржани во полициска станица за поматамошна постапка.

Leave a Reply