29 казни за брзо возење во Куманово

Сподели со своите пријатели

Вкупно 50 возачи во текот на денешниот ден биле казнети на подрачјето на Куманово поради возење со брзина над дозволената.

Loading...

– Денеска (21.11.2021) во периодот од 12.00 до 18.00 часот на територијата на СВР Куманово спроведена e акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваaт возило со брзина поголема од пропишаната, при што санционирани се 50 возачи, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Од нив 29 биле на територија на Куманово, 12 на територија на Крива Паланка, а девет на територија на Кратово.

Засилените акциски сообраќајни контроли, потенцираат од полицијата, продолжуваат и во наредните денови.

– Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, стои во соопштението на МВР.

Никола Ивановски