29-годишник приведен на Табановце

Сподели со своите пријатели

Дваесет и деветгодишник, со засега непознато потекло, бил приведен вчера на Граничниот премин Табановце.

Loading...

– На 19.08.2022 во 02.30 часот на граничниот премин „Табановце“ од полициски службеници е лишен од слобода К.Ф.(29), информираат од Министерството за внатрешни работи.

Тој при пасошка контрола приложил туѓа албанска патна исправа на име Д.М.(25).

Лицето било предадено на полициски службеници од Полициска станица Куманово за понатамошна постапка.

Никола Ивановски

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Започна гласањето во Куманово, Старо Нагоричане и Липково