28ми септември неработен за Бошњаците

Сподели со своите пријатели

Министерството за труд и социјална политика соопштува дека согласно со Законот за празниците на Република Македонија („Службен весник на РМ„ бр.21/98 и 18/07), 28 септември 2018 година (петок), Меѓународниот ден на Бошњаците е неработен ден за граѓаните припадници на бошњачката заедница во Република Македонија.

Истовремено, Министерството за труд и социјална политика на граѓаните припадници на бошњачката заедница во Република Македонија им го честита Меѓународниот ден на Бошњаците.

Leave a Reply