281 дете родени во Куманово во 4. тримесечје, Старо Нагоричане со негативен прираст

Сподели со своите пријатели

Вкупно 281 деца биле родитени на подрачјето на Општина Куманово во текот на четвртото тримесечје од 2017 година, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Во наведениот период починале 252 лица, но меѓу нив нема новороденчиња.

Природниот прираст изнесува 29.

Склучени биле вкупно 170 бракови на територијата на општината,  а регистрирани се 24 разводи.

Во општина Липково регистрирани се 69 новороденчиња. Починати се 41 лице, но и четири новороденчиња.  Бројот на разводи изнесува 7, а на новосклучени бракови 84.

Во Старо Нагоричане има негативен природен прираст, таму се родени шест деца, а починале вкупно 10 лица. Склучени се два бракови, а се регистрира и еден развод.

Според податоците на Државниот завод за статистика, на ниво на државата бројот на живородените деца во четвртото тримесечје од  2017 година, во споредба со истиот период од претходната година, е намален за 2.3% и изнесува 5.352 живородени деца.

Бројот на умрените лица во четвртото тримесечје од 2017 година бележи намалување од 12.6% во споредба со истото тримесечје од 2016 година и изнесува 4 848 лицa, а од нив 36 се умрени доенчиња. Природниот прираст изнесува 504 лица, што значи дека за толку лица е поголем бројот на живородените деца од бројот на умрените лица.

Во ова тримесечје од 2017 година бројот на склучените бракови е 3 119, што претставува зголемување за 6.9% во споредба со истиот период од 2016 година.

Бројот на разведените бракови во ова тримесечје е 590, што претставува намалување од 9.8% во споредба со истиот  период од 2016 година.

фото: архива

Loading...

Leave a Reply