28-годишна Македонка со згрутчување на крв по вакцинирање со АстраЗенека

Сподели со своите пријатели

Дваесет и осумгодишна девојка од Македонија добила несакана реакција откако ја примила вакцината на „АстраЗенека“ против коронавирус во Србија.

Loading...

Ова денеска го потврди министерот за здравство, Венко Филипче.

– Кај нас има еден случај на девојка која има 28 години и од вчера се наоѓа на болничко лекување со тромботичен ефект, се вакцинирала со „АстраЗенека“во Србија. Реакцијата се случила шест до седум дена после вакцинација, а таа нема нема претходни заболувања, истакна Филипче.

Сепак, според Филипче, нема препорака што треба превентивно да прават оние граѓани кои се вакцинирале со „АстраЗенека“.

Филипче уверува дека нема регистрирани несакани ефекти од оваа вакцина кај постарите лица.

Имунизацијата со оваа вакцина а нагласи во Македонија нема да се започне за лица помлади од 60 години додека не се добијат сите анализи.

Инаку денеска заппочна вакцинација на 20.000 граѓани на возраст над 77 години со хронични болести токму со оваа вакцина.

Leave a Reply