27 прекршувања на полицискиот час, 215 казни за маски викендов во Куманово

Сподели со своите пријатели

Вупно 27 лица во текот на изминатиот викенд го прекршиле полицискиот час во Куманово, додека пак за непочитување на Уредбата за задолжително носење заштита на лицето биле казнети 215 лица.

Loading...

– Во текот на изминатото деноноќие според статистиката на МВР за периодот (24.04/26.04.2021), по однос на Уредбата за задолжително носење заштита на лицето, евидентирано е дека на ниво на Секторот за внатрешни работи Куманово 321 лице не ја почитувалe, информираат од кумановската полиција.

Од вкупниот број издадени прекршочни налози, најголем дел се во Куманово 215, во Крива Паланка 70 и во Кратово 36.

За нив, како што информираат од Секторот за внатрешни работи Куманово, ќе следуваат соодветни мерки.

Во текот на истиот период 27 лица не ја почитувале забраната за движење.

Никола Ивановски

Leave a Reply