27-годишна девојка од Куманово пронајдена почината

Сподели со своите пријатели

Вчера во 13,20 часот во Куманово на улицата „Браќа Филиповиќ“ во куќата на Ф.И. (28), била пронајдена почината неговата девојка М.К. (27) од Куманово, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Од страна на екипа од Итна медицинска помош била констатирана смрт, без видливи траги на насилство. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР-Куманово.

По наредба на Јавен обвинител телото на починатата било предадено во Институтот за судска медицина за обдукција.