26 точки на утрешната седница на Советот на Општина Куманово

Сподели со своите пријатели

Членовите на Советот на Општина Куманово утре ќе дебатираат и ќе треба да се произнесат по вкупно 26 точки на дневниот ред.

Loading...

На точките се и финансиските извештаи на јавни претпријатија, програмата за работа на Советот на Општина Куманово, програмата за урбанистичко планирање, одлука за извршувањена Буџетот…

Во продолжение целосниот дневен ред:

Дневен ред

1. Предлог – Одлука за констатирање престанок на мандат на член на Советот на Општина Куманово;

2. Предлог – Одлука за верификација на мандат на член на Советот на Општина Куманово;

3. Извештај за реализација на Програмата за работа на Советот на Општина Куманово за 2019 година;

4. Предлог – Програма за работа на Советот на Општина Куманово за 2020 година;

Loading...

5. Предлог – Одлука за давање согласност на Статутарна одлука за изменување и дополнување на Статутот на ЈУ – ОУД „Професор Мијалковиќ“ – Куманово;

6. Предлог – Решение за давање на мислење на Статутот на ООУ „Браќа Миладиновци“ – Куманово;

7. Предлог – Решение за давање на мислење на Статутот на ООУ „Вук Караџиќ“ – Куманово;

8. Предлог – Решение за давање на мислење на Статутот на ООУ „Кочо Рацин“ – Куманово;

9. Предлог – Решение за давање на мислење на Статутот на ООУ „Христијан Карпош“ – Куманово;

10. Предлог – Решение за давање на мислење на Статутот на ООУ „Карпош“ с. Умин Дол – Куманово;

11. Предлог – Решение за давање на мислење на Статутот на УОМО „Панче Пешев” – Куманово;

12. Предлог – Одлука за давање согласност на Дополна на Годишен план за вработување во 2020 година на ЈП „Водовод“ – Куманово;

Loading...

13. Извештај за реализација на Програмата за урбанистичко планирање на подрачјето на Општина Куманово за 2019 година;

14. Предлог – Програма за урбанистичко планирање на подрачјето на Општина Куманово за 2020 година;

15. Предлог – Одлука за донесување на Измена и дополна на Детален урбанистички план за дел од УЕ „Стари Лозја“, дел од УБ 11, плански опфат помеѓу ул. „Доне Божинов“, крак на ул. „Доне Божинов“, граница на наменска зона, ул. „100“ и ул. „300“ – Општина Куманово;

16. Извештај за финансиско работење на ЈП „Куманово – план‘‘ – Куманово за период од 01.07.2019 – 30.09.2019 година;

17. Извештај за финансиско работење на ЈП „Куманово – план‘‘ – Куманово за период од 01.10.2019 – 31.12.2019 година;

18. Извештај за работа на ЈП „Куманово – план‘‘ – Куманово за 2019 година;

19. Програма за работа на ЈП „Куманово – план“ – Куманово за 2020 година;

20. Предлог – Програма за локален економски развој на Општина Куманово за 2020 година;

Loading...

21. Предлог – Одлука за измена на Одлуката за извршување на Буџетот на Општината Куманово за 2020 година;

22. Предлог – Одлука за измена на Одлуката за утврдување на вредноста на бодот за платите на државни службеници за 2020 година;

23. Предлог – Одлука за дополнување на Одлуката за давање на користење на недвижна ствар – сопственост на Општина Куманово на Министерство за информатичко општество и администрација;

24. Предлог – Одлука за исплата на еднократна парична помош од Буџетот на Општина Куманово за 2020 година;

25. Предлог – Решение за разрешување и избор на член на Комисијата за локален економски развој на Советот на Општина Куманово;

26. Предлог – Решение за разрешување и избор на член на Комисијата за одбележување на празници и манифестации и доделување на награди и признанија на Советот на Општина Куманово.

Loading...

Leave a Reply