252 нови случаи во Куманово изминатата недела, починати пет лица

Сподели со своите пријатели

Во текот на изминатата недела (27.09 – 04.10) бројот на нови случаи во Куманово е 252, а активните случаи во Куманово се зголемени и нивниот број изнесува 1.018, заклучно вчерашната статистика на Министерството за здравство.

Loading...

Вкупно 252 нови случаи позитивни на коронавирус се регистрирани во Куманово (заедно со Липково) во текот на изминатата недела.

 

 

Тоа е благо зголемување ако се земе предвид дека неделата претходно во Куманово биле регистрирани 229 случаи. Пред точно седум дена бројот на активни случаи бил помал и изнесувал 979.

Во изминатата недела битката со вирусот ја загубиле 5 лица од Куманово и Липково, што е значително намалување ако се земе предвид дека минатата недела починале 13.

Најмногу нови случаи за еден ден се регистрирани во четврток, вкупно 49.

Loading...

 

 

Досега оздравени во Куманово се вкупно 9.951 од лицата кои биле позитивни на вирусот.

Вкупно 451 лицe од Куманово починале од почетокот на епидемијата како резултат на компликации со вирусот, со што е на трето место зад Скопје и Тетово.

Од почетокот на пандемијата во Куманово се регистрирани вкупно 11.500 случаи позитивни на коронавирусот со што е на второ место во државата според бројот на заразени, веднаш по Скопје со 83.810 случаи.

 

Loading...

 

Од вкупната бројка на заразени, во овој момент активни се 12.149 случаи во целата држава. Пред Куманово во однос на активни случаи е само Скопје со 5.563 случаи.

На ниво на државата од почетокот на епидемијата се регистрирани 192.498 случаи, од кои во моментот се активни 12.337. Излекувани се 172.625, а починати 6.704 пациенти.

Никола Ивановски

Извор: Министерство за здравство и gdi-sk