250 илјади прегледи: Воен ветеран, а сега бездомник плаче откако добил сендвич (видео)

Сподели со своите пријатели

Воен ветеран на САД, а сега бездомник не ги сокри солзите во своите очи откако налетал на момче, кое во момент кога бездомникот побарал нешто пари, го качил во автомобил и му купил јадење.

Loading...

UNILADs Homeless War Veteran Moved To Tears After Strangers Kind Act image

Откако го качил во автомобил, Макс, момчето кое само се понудило да му купи јадење на бездомникот, му кажал дека тој секој ден оди на работа во 16 часот и ако бездомникот се најде на бензинската пумпа во тоа време, тој секој ден ќе му купува ручек.

Озареното лице на бездомникот заврши во солзи со зборовите дека досега никој не покажал таква срдечност како младото момче по име Макс.

UNILADs Homeless War Veteran Moved To Tears After Strangers Kind Act image

По емотивната сторија, бездомникот бил понуден да работи во ресторан, а Макс во меѓувреме започнал кампања на GoFundMe за поддршка на воениот ветеран и подигнување на јавната свест за згрижување на лицата учесници во војната во Виетнам.

Откако е поставено на Јутјуб, видеото само во неколку дена достигна рекордна гледаност од 250.000 пати.