25 Мај – Ден кога СФРЈ го славеше роденденот на Маршал Тито (видео)

Сподели со своите пријатели

До пред триесетина години, денешниот ден беше еден од најголемите празници во поранешна Југославија. На 25 мај се одбележуваше роденденот на маршалот Тито, или попознат како Ден на младоста.

Loading...

На овој ден, илјадници ученици – Титови пионери од сите краишта на Југославија подготвуваа специјална програма и кореографии за дочек на штафетата на младоста која поминуваше низ сите населени места и градови, за на крај да биде однесена во Белград каде се случуваше централната прослава, позната како Слет.

Додека беше жив маршалот, штафетата му се предаваше нему, а традицијата продолжи и по неговата смрт.

За Тито се компонираа и песни, кои ги пееја најголемите музички ѕвезди во тоа време како Здравко Чолиќ, Оливер Драгојевиќ, Ѓорѓе Балашевиќ, Лепа Брена, Кемал Монтено, Неда Украден, Вајта, „Ново Фосили“…

Посебно овие песни беа популарни на 25-ти Мај кога со голем „слет“ во Белград се одбележуваше Денот на младоста.

Централната прослава за Ден на младоста беше укината во 1989 година, кога започнаа првите превирања до целосен распад на СФРЈ.

https://www.youtube.com/watch?v=hsrNP3QD3YI


Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *