17.05.2018 13:01

25-годишник илегално приредувал игри на среќа во Матејче


Секторот за внатрешни работи Куманово поднесена кривична пријава против А.М.(25) од Куманово за сторени кривични дела “даночно затајување“ и “приредување на игри на среќа без лиценца односно дозвола од надлежен орган“ од Закон за игрите на среќа и забавните игри, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Во текот на 2018 година во село Матејче, Липково во деловен објект, сопственост на лице од село Матејче, пријавениот приредувал игри на среќа, без да поседува соодветна лиценца, односно дозвола издадена од надлежен орган, со што одбегнал плаќање на давачка-надоместок за добивање на лиценца за приредување на игри на среќа во обложувалница во износ од 6.457.500 денари, за кој износ го оштетил Буџет на РМ.


© Крадењето авторски содржини е забрането со закон. Преземањето на текстови, изјави или фотографии во авторска сопственост на порталот Кумановски Муабети е дозволено делумно, со задолжителен хиперлинк до содржината која се пренесува.

Последни наслови

Facebook Comments