25-годишен кумановец уапсен со 13 мигранти

Сподели со своите пријатели

На 22.07.2018 година на патниот правец Велес – Скопје пред патарина „Петровец“ од страна на полициски службеници било сопрено возило „Рено“ со велешки регистерски таблици управувано од Ф.З. (25) од Куманово, а при контрола на возилото пронајдени биле 13 мигранти, меѓу кои три малолетни лица, сите од Авганистан.

Ф.З. е задржан во полициска станица и се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Leave a Reply