25 години ја чувала ќерка си на таван: Причината на мајката монструм ќе ве згрози! (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Приказната започнува во 1876 година, во Париз. Бланш Моние, која тогаш имала 25 години, се заљубила во постар, сиромашен адвокат, кој воопшто не и се допаѓал на нејзината мајка, припадничка на аристократијата.

Loading...

Моние била решена да се омажи за љубовта на нејзиниот живот. Потоа одеднаш, буквално преку ноќ, Бланш исчезнала од лицето на земјата.

Мајка и брат ја оплакувале и си продолжиле со секојдневниот живот, иако тајно криеле страшна тајна.

 

 

Во 1901 година, 25 години по исчезнувањето на младата девојка, државниот правобранител добил мистериозно писмо во кое некој изјавил дека пишува во име на сквотерот кој, гладен и заробен, бил на таванот на куќата на г-ѓа Моние четврт век, живеејќи во сопственото ѓубре.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Кој е на потесниот избор на магазинот Тајм за личност на годината?

Шокирана од писмото, полицијата веднаш почнала да истражува. Полицијата упаднала во куќата и во поткровјето каде ги облеала страшна смрдеа. Уште поголем шок следувал  кога откриле морничаво слаба жена стуткана на кревет и се крие од светлината што не ја видела 25 години. Бланш, која во тој момент тежела само 25 килограми, била затвореничка на сопствената мајка.

Loading...

Еден сведок ја опиша сцената на која наишле: „Сиромашната жена лежеше целосно гола на душек од жица. Околу неа имаше остатоци од измет и урина, и парчиња месо, овошје, зеленчук, риба и бајат леб над нејзиниот кревет.Немаше воздух, а смрдеата беше толку силна што не можевме да останеме доволно долго во собата за да ја завршиме истрагата“.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Кој е на потесниот избор на магазинот Тајм за личност на годината?

 

 

Мајката на кутрата Бланш била веднаш уапсена и починала во затвор 15 дена подоцна, откако го признала своето дело. Имено, кога нејзината ќерка одбила да ја прекине врската со постар адвокат, решила да ја затвори во мала соба додека не се предомисли. Бланш никогаш не се предомислила, а нејзината мајка продолжила да ја држи во затвор дури и по смртта на нејзиниот љубовник во 1885 година.

Братот на Бланш бил осуден на 15 месеци затвор за помагање на мајка си во злосторството, но набрзо бил ослободен бидејќи тврдел дека сестра му можела да излезе во секое време, но таа не сакала. Бланш сепак почина во 1913 година во санаториум.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Кој е на потесниот избор на магазинот Тајм за личност на годината?

 

Loading...