24. издание на фестивалот „Денови на комедија“ почнува во понеделник

Сподели со своите пријатели

Меѓународниот театарски фестивал „Денови на комедија“ ќе биде отворен во понеделник во Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ во Куманово, а публиката ќе има можност да гледа неколку претстави од Македонија и земјите од соседството.

Loading...

Фестивалот во понеделник ќе го отвори Драмски театар Скопје со претставата „Партија реми“. На првата фестивалска вечер ќе биде доделена и наградата „Васил Иљоски“ а трета добитничка на истата ќе биде актерката Стојна Костовска.

– Ние сме целосно подготвени, запазени се сите епидемиолошки мерки во салата како што налагаат моменталните здравствени протколи и сигурни сме и се надеваме дека и оваа година ќе имаме успешен фестивал. Тоа го докажавме и минатата година дека можеме да оргнаизираме фестивал и во вакви околности. Сега капацитетот на салата е 30% исполнетост од местата, така да сигурни сме дека ќе имаме одличен фестивал, рече на денешната прес конференција Сашо Тодоровски, директор на НУЦК „Трајко Прокопиев“.

 

 

Сепак, во веќе утврдената програма има мали измени. Откажано е гостувањето на претставата од Бугарија поради епидемиолошките мерки во земјата, а се додава на ниво место ќе гостува актерот Зијад Соколовиќ од Сараево.

Неизвесно е и играњето на кумановската претстава „Какао“ поради фактот дека дел од екипата е ковид позитивна и наместо нив ќе се игра некоја друга претстава за која организаторите дополнително ќе одлучат.

Loading...

Од 670 места во салата, ќе бидат пуштени во продажба околу 200 билети согласно ковид протоколите, а цената на истите ќе биде 150 денари. Продажбата за првите четири претстави ќе започне во утре, а дополнително ќе бидат пуштени билетите за останатите.

 

 

Како што појасни директорот Тодоровски, епидемиолошката состојба се менува постојано и ќе ги следат сите здравствени проколи и мерки од кои зависи и играњето на дел од претставите кои можат да бидат откажани и во последен момент доколку дојде до измени на протколите или некој од актерите не успее да допатува.

Дел од програмскиот совет е и актерката Владанка Крстевски, која вели дека е горда што и во вакви услови фестивалот ќе се организира успешно.

– Свесни сме дека живееме во време на пандемија и дека театарската уметност да рече е најпогодена во овој период, но се бориме, целата институција застанува зад фестивалот и макотрпно работи овој фестивал да се претстави во најдобро можно светло. Сите претстави се добри и се надевам дека актерите и претставите од страна ќе успеат да дојдат и дека нема да имаме никаков проблем и мораме да бидеме навистина претпазливи бидејќи секој ден се повеќе се влошува епидемиолошката состојба, изјави Крстевски.

 

Loading...

 

Генерални покровители на фестивалот се Министерството за култура од чиј буџет се издвоени 700.000 денари и 300.000 денари од буџетот на Општина Куманово.

Порталот Кумановски Муабети како еден од медиумските покровители на фестивалот тековно ќе известува за сите евентуални измени во однос на програмата.

Никола Ивановски