236 казни за неносење маска викендов во Куманово, 6 прекршувања на полицискиот час

Сподели со своите пријатели

Вкупно 236 граѓани на Куманово во текот на изминатиот викенд биле казнети поради неносење заштитна маска, додека пак шест лица ја прекршиле забраната за движење.

Loading...

– Во текот на изминатото деноноќие според статистиката на МВР за периодот (08.05/10.05.2021), по однос на Уредбата за задолжително носење заштита на лицето, евидентирано е дека на ниво на Секторот за внатрешни работи Куманово 320 лица не ја почитувалe, информираат од кумановската полиција.

Најголем дел од издадените прекршочни налози се во Куманово 236, во Крива Паланка 56 и во Кратово 28.

За истите, како што појаснуваат од Секторот за внатрешни работи Куманово, ќе следуваат соодветни мерки.

За истиот период 13 (тринаесет) лица не ја почитувале забраната за движење, од кои во Куманово 6, Крива Паланка 2 и Кратово 5.

Никола Ивановски

Leave a Reply