20,8 литри дожд во изминатото деноноќие на територијата на Куманово

Сподели со своите пријатели

Вкупно 20,8 литри воден талог на метар квадратен паднале во текот на изминатите 24 часа на територијата на Општина Куманово, информираат од Регионалниот центар за управување со кризи.

Минималната температура која службите вчера ја забележале изнесувала 2,2 степени, додека максималната дневна температура го достигнала 10-от степен.

Денеска во Куманово ќе имаме облачно и врнежливо време со слаб ветер од северен, односно североисточен правец. Максималната дневна температура ќе изнесува 10, а минималната 3 степени целзиусови.