20 интересни факти за парите: Ако имате 10 евра во џеб и немате долгови вие сте побогати од 25% од Американците

Сподели со своите пријатели

Интересни факти за парите. За вас издвоивме дваесет многу интересни факти за парите. Веруваме дека ќе ви биде интересно додека ги читате овие факти.

Loading...

 

 

1. Во едно истражување, траги од кокаин биле пронајдени на 90% од банкнотите во американски долар.

2. Првата хартиена банкнота во светот доаѓа од Кина, а е издадена пред 1400 години.

3. Секоја година се печатат повеќе банкноти за популарната игра Монопол отколку што се печатат вистински пари.

4. Ако имате 10 евра во џеб и немате долгови – вие сте побогати од 25% од Американците.

Loading...

5. Најголемата банкнота во светот ја издаде филипинската влада во 1998 година – 100 000 филипински пезоси. Бидејќи оваа банкнота, скоро колку лист хартија А4, беше издадена во мал број копии, колекционерите ја купија и за 180.000 филипински пезоси.

6. Првиот банкомат е изграден и инсталиран во Лондон во 1967 година.

 

 

7. Од Австралија до Тринидад и Тобаго, портретот на кралицата Елизабета Втора ги краси валутите на 33 различни земји – повеќе од која било друга личност во светот.

8. Со цел да се справат со проблемот со хиперинфлација, кој достигна (смешно) ниво од 23.1000.000%, властите во Зимбабве издадоа банкнота од 100 трилиони долари!

9. Според една научна студија, ако сакате да заштедите пари, не допирајте ништо во продавницата! Кога допираме нешто, желбата да се купи истото веднаш се зголемува, па дури и да плаќаме повеќе.

Loading...

10. Во 2012 година, 100-те најбогати луѓе во светот имаа доволно пари да ја прекинат глобалната сиромаштија 4 пати.

11. Коцкањето генерира повеќе профити годишно од филмови, спортови, тематски паркови, крстарења и снимена музика – заедно!

12. Во Германија околу 1923 година, банкнотите изгубија толку многу од својата вредност што луѓето почнаа да ги користат како тапети.

 

 

13. Нацистите фалсификувале британски фунти во вкупна вредност од 134.610.810 фунти. Нивниот план била дестабилизација на британската економија, а овие фалсификувани банкноти сè уште се сметаат за една од најсовршените фалсификати во светот.

14. Мостовите и портите прикажани на евро банкнотите не покажуваат вистински згради, само стилови на градба.

Loading...

15. Низ историјата, луѓето користеле разни форми на пари, а некои од најпопуларните биле сапун, какао, коса од слонова коска, житарици, животински кожи, пердуви, чај, тутун.

16. Во средниот век, витезите не сакале да носат какви било пари (злато, сребро и сл.) заради разбојници. Наместо тоа, витезите носеле специјални прстени. Ако витез сакал да плати нешто во пр. на гостилничарот, со прстенот ќе му оставел печат на парче хартија, а гостилничарот подоцна ќе му ја однесе таа хартија во замокот за да добие пари за тоа.

 

 

17. Најраната евидентирана фалсификација на пари се случила во 540 година п.н.е., кога Поликрат од Самос користел фалсификувани златници за да плати долг на Спартанците.

Loading...

18. Денес, повеќе од 170 различни валути се користат во светот.

19. Има повеќе од 1,6 милиони банкомати во светот, а тие најмногу се користат во петок.

20. Само 8% од парите во светот се „физички пари“, остатокот е во електронска форма.

Leave a Reply