20-годишен мигрант од Сирија пронајден починат во Табановце

Сподели со своите пријатели

Дваесетгодишен мигрант од Сирија бил пронајден починат вчера во атарот на селото Табановце.

Loading...

– На 19.09.2021 во 18.00 часот во СВР Куманово било пријавено дека во близина на брана во село Табановце било пронајдено починато машко лице, информираат од Секторот за внатрешни работи Куманово.

По извршениот увид било утврдено дека се работи за М.Л.(20) од Сирија.

Лекар од итна медицинска помош констатирал смрт без траги на насилство, а по наредба на Јавен обвинител телото било подигнато и однесено во капела и по негови насоки дополнително ќе се постапува по случајот.

Никола Ивановски