20-годишен кумановец со повреди на работното место заврши на хирургија

Сподели со своите пријатели

Вчера околу 18.15 часот во СВР Куманово, од Општа болница Куманово пријавиле дека на Одделението за хирургија за укажување лекарска помош бил донесен повреден Н.С.(20) од Куманово.

Како што информираат од полицијата, тој се здобил со повреда на работното место во фабриката „Квалитет Пром“ лоцирана на автопатот Скопје – Куманово. Од страна на дежурниот лекар била констатирана тешка телесна повреда на раката.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Leave a Reply