20.000 луѓе во Фејсбук имале пристап до сите лозинки на корисниците

Сподели со своите пријатели

Фејсбук открива дека стотици милиони лозинки од корисници се чувале во форма на обичент екст и дека така биле достапни за 20.000 вработени во компанијата.

Loading...

Фејсбук вчера на својот блог објави дека во текот на рутинската ревизија во јануари 2019 година откриле стотици милиони лозинки на корисниците сочувани во обичен текст на еден од нивните интерни системи за чување податоци. Лозинките биле достапни за приближно 20.000 лица вработени во компанијата, но од таму тврдат дека не биле достапни за никој надвор од неа.

– Да разјасниме, овие лозинки никогаш не биле видливи за некој надвор од Фејсбук и досега не сме пронашле докази дека некој интерно ги злоупотребувал или непрописно им пристапувал. Се проценува дека ќе известиме стотици милиони корисници на Фејсбук Лајт, десетици милиони други на Фејсбук, и десетици илјадни корисници на Инстаграм, рекол Педро Канахаути, потпретседател за инжинеринг, безбедност и приватност во компанијата Фејсбук.

Фејсбук го решил проблемот и рекол дека за ова ќе извести 600 милиони корисници чии лозинки биле видливи на вработените во компанијата, иако и натаму се тврди дека ниту една од нив не била достапна за лица надвор од Фејсбук и дека не пронашле докази за злоупотреба.

Меѓутоа, Фејсбук ги предупредува корисниците да ги променат своите Фејсбук и Инстаграм лозинки што побрзо, особено ако користат исти лозинки и за други профили.

Кога ја менувате лозинката изберете комплексна лозинка и овозможете двофакторна авторизација каде тоа е можно.

Компанијата соопшти дека се преземаат мерки нешто слично да не се случи во идина.

Leave a Reply