19-та Меѓународна ликовна колонија Карпино 2021 во Куманово

Сподели со своите пријатели

Во изложбениот салон на НУ Центар за култура – Куманово во среда со почеток во 19 часот ќе биде отворена 19-та Меѓународна ликовна колонија „Карпино 2021“.

Loading...

Изложбата содржи 19 слики работени во техниката акрил на платно а учество зедоа следните уметници: Маја Ефтимова Стојанова – Македонија, Александар Стефановски – Македонија, Христина Стојчевска – Македонија, Гроздан Крстевски – Македонија, Дејан Арсовски – Бабата – Македонија, Зоран Арсовски – Бабата – Македонија, Елизабета Зафирова Стојанова – Македонија, Милена Тошиќ – Србија, Далибор Јовановски – Македонија и Емилија и Стојче Тоциновски – Македонија.

Поради пандемијата и новонастанатите сложени услови за работа дел од уметниците работеа во своите ателјеа а поголемиот дел на местото кадешто традиционално се одвиваат активностите на оваа реномирана колонијата – хотелот „Грација“.

Изложбата во Куманово ќе биде поставена до 24.11.2021 а потоа ќе биде претставена во неколку други галериски простори.

Интегрално соопштение