19 лица загинаа во поплавите во Мјанмар

Сподели со своите пријатели

Најмалку 19 лица загинаа во поплавите во Мјанмар, а 3.600 луѓе се евакуирани во побезбедни подрачја, објави утринава Ројтерс.

Loading...

Околу 162 квадратни километри од областа околу главниот град Најпидо беше поплавена вчера, покажува анализата на сателитски снимки на Единицата за управување со информации во Мјанмар (МИМУ) поддржана од Обединетите нации.

Според резултатите од таа анализа, уште 366 квадратни километри околу Мандалај, вториот по големина град во Мјанмар, исто така е под вода.

„Вкупно 3.602 лица се спасени и евакуирани на 30 локации“, објави во четвртокот на Фејсбук противпожарната служба.

На околу една третина од 55-те милиони жители на Мјанмар им е потребна хуманитарна помош, но работата на многу хуманитарни агенции, како што е Меѓународниот комитет на Црвениот крст, е попречена во многу области поради ограничувањата на пристапот и безбедносните ризици, пренесува Танјуг.

Неповолните временски услови предизвикани од тајфунот Јаги, за кој медиумите објавија дека е најсилното невреме што ја погоди Азија оваа година, усмрти повеќе од 230 луѓе во Виетнам и Тајланд, а надојдените реки ги поплавија градовите во двете земји.