19-годишник од Агино село осомничен за кражба на делови од мобилни оператори

Сподели со своите пријатели

Секторот за внатрешни работи – Охрид поднесе кривични пријави против две лица кои краделе делови и опрема од базни станици на мобилни оператори во охридско.

Станува збор за лицата Ј.Г. (27) од скопското село Мралино и Ф.С. (19) од кумановското Агино Село, за кои полицијата поседува основи за сомнение дека се сторители на казнено дело „тешка кражба“.

Двете лица на 29 септември оваа година со штрафцигер и со употреба на физичка сила ја отвориле влезната врата на базната станица на „Телеком Македонија” во охридското Пештани, притоа одзеле три акумулатори за напојување. Претходно, поточно на 21 септември, двајцата пријавени, со подесен алат го пресекле кабелот од базната станица на „ОНЕ-ВИП“ лоцирана во месноста „Св.Еразмо“ при што дошло до опожарување на истата. Пријавениот Ј.Г. во периодот од 2014 до 2016 година со подесен алат влегол во базни станици на повеке локации сопственост на „ОНЕ-ВИП“ и во базната станица на „АД НЕОТЕЛ” и одзел  акумулатори, кабли, бакарни ленти и гориво за напојување на генератор.

Со извршувањето на казненото дело пријавените се стекнале со противправна имотна корист од 60 илјади денари.

Извор: МИА

Loading...