19-годишна девојка удрила во пешак во липковско

Сподели со своите пријатели

Во близина на селото Оризаре, општина Липково, на регионалниот пат Липково – Куманово, вчера околу 08:50 часот Е.Е.(19) од село Отља, општина Липково, управувајќи патничко возило „даихатсу“, со кумановски регистарски ознаки, удрила во пешакот А.Р.(23) од липковското село Лојане, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Loading...

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, додека со телесни повреди се здобил Ј.Е., сопатник во возилото.

Тие, како што појаснуваат од МВР, биле пренесени во болницата во Куманово за укажување на лекарска помош.

Увид на местото извршила увидна екипа на СВР Куманово.

Leave a Reply