19-годишен кумановец тешко повреден во Скопје, откако во него удрил мотор

Сподели со своите пријатели

Деветнаесетгодишник од кумановското село Тромеѓа бил тешко повреден откако во него вчера во Скопје удрил мотор.

Loading...

Со тешки повреди се здобил и мотоциклистот.

– На 10.06.2021 во 17.40 часот во СВР Скопје било пријавено дека на бул.„Алексаднар Македонски“ во Скопје, кај клучка „Дијамант“, мотоцикл „бмв“, без регистарски ознаки, управуван од А.Л.(24) од Скопје, удрил во пешак С.С.(19) од с.Тромеѓа, кумановско, информираат од Министерството за внатрешни работи Куманово.

Во незгодата, како што појаснуваат од полицијата, пешакот и мотоциклистот се здобиле со тешки телесни повреди констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.

Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од СВР Скопје.

Никола Ивановски

Leave a Reply