1,87 милијарди е Буџетот на Општина Куманово за 2017 година (фото)

Сподели со своите пријатели

Вкупно една милијарда и 873 милиони денари ќе изнесува Буџетот за Општина Куманово за 2017 година, вава долука денеска изгласаа советниците на шеесетата по ред седница на Советот на Општина Куманово.

 

Loading...

 

Буџетот е поделен на три дела, односно општ, развоен и посебен дел, каде се прикажани приходи расходи и каде ќе се потрошат пратите на граѓаните во претсетојната година.

Буџетот за оваа година изнесува некаде околу милијарда и 890 милиони денари од кои основниот буџет, односно основниот буџет на општината е во износ од 940 милиони денари, околу 65 милиони денари се приходи на општинските буџетски корисници, самофинансирачките приходи, 850 милиони се средства од дотации кои доаѓаат исто од општинските буџетски корисницни од страна на државата и 18 милиони денари се донации што на општината, што на основните и средни училишта, согласно потпишани досегашни договори кои ќе треба да се раализираат во 2017 – изјави Ирена Илиевска, раководител на Сектор за финансии при Општина Куманово.

Без значителна расправа помина целокупната расправа за новиот буџет, но сепак советниците од редовите на ВМРО-ДПМНЕ истакнаа дека станува збор за нереален буџет. Според советничката Христина Краиновиќ буџетот од година во година константно се зголемува, а на контото на приходната страна нема драстично подобрување на состојбата, а истото го потенцираше и советникот Драган Петковски кој буџетот го нарече „бунар на желби“.

Ова е еден многу нерален буџет, многу според мене нереално оптимистички буџет, бидејќи се рпедвидуваат некоис тавки кои се многу далеку од реалноста. Нашето мислење и тврдење дека ова не е буџет, туку „бунар на желби“ во кој се ставаат сите желби кои што општинската администрација сака да ги спроведе во 2017 година, а далеку од тоа е колку тоа реално може да се спроведе, така да како и секоја година пак ќе правиме ребаланс на буџетот, пак ќе кратиме, пак ќе кроиме, важно сега сме го ставиле буџетот – изјави Петковски.

Капиталните трошоци на општината во следната година предвидуваат изградба на нови улици, фекална и атмосферска канализација, реновирање на Занатскиот дом, општинската куќа, како и реконструкција на спортски сали во училиштата и изградба на детска градинка и улично осветлување во градот.