181 казна за брзо возење викендов во Куманово (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Министрството за внатрешни работи продолжува со засилените акциски контроли за ставање на ред во сообраќајот, при што за два дена во Куманово се напишани 181 казна за брзо возење.

Loading...

 

 

-Најмногу сме насочени кон оние прекршоци кои се главна причина за тешки сообраќајни несреќи, пред се станува збор за возењето со поголема брзина од дозволеното. Во изминатите денови имаме засилени акциски контроли на територијата на цела држава, и имаме 1069 санкции за брзо возење. Исто така на територија на Куманово имаме 181 санкција во овие два дена за пребрзо возење. Апелирам до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и на тој начин да придонесеме за безбедноста на сите учесници во сообраќајот. Благодарност до сите граѓани кои ги почитуваат правилата и возат онака како е пропишано и така заеднички соработуваме и придонесуваме за општата безбедност, и уште еднаш апелирам до оние кои се непрописни да ги променат своите навики и да ни се приклучат за да имаме безбедни патишта. Со почетокот на овие акциски контроли имаме зголемена безбедност на патиштата, односно намален е бројот на сообраќајни незгоди и бројот на жртви при истите – рече Тони Ангеловски, портпарол на МВР.

 

 

Loading...

Од периодот од 1ви јануари до 15ти април 2021 година, како што посочи Ангеловски, споредено со истиот период од 2020 година има намалување на сообраќајните незгоди за 12%, а за бројот на жртви со сообраќајот за 14%.

Тркст: М.Ф /фото: Н. И. 

Leave a Reply