18 мигранти откриени на патот Куманово – Свети Николе

Сподели со своите пријатели

Вчеравечер во 23,40 часот од страна на полициски службеници на регионалниот пат Куманово – Свети Николе, кај „Искрин мост“ било пронајдено патничко моторно возило „Фиат Скудо“ со струмички регистерски таблици сопственост на З.З. (27) од Струмица со 18 мигранти од Авганистан и Пакистан.

Како што информираат од Министерството за внатрешни работи, мигрантите се пренесени во Секторот за внатрешни работи Куманово за понатамошна постапка.

Се превземаат мерки за целосно расчистување наслучајот.

Leave a Reply