17 непишани правила според кои би требало да живееме

Сподели со своите пријатели

Во животот постојат голем број непишани правила што сите би требало да ги знаат, но за жал многумина никогаш не ги почитуваат. Генерално гледано, станува збор за едноставни норми што поттикнуваат љубезно и добро однесување. Во продолжение, прочитајте кои правила би требало да станат дел од вашето секојдневие…

Loading...

1. Ако некој ви ја придржи вратата, заблагодарете се

Воопшто не е тешко да се покаже благодарност. Без разлика дали навистина го мислите тоа или не, некој се обидел да ви помогне. Ништо нема да изгубите ако бидете љубезни.

2. Не треба да си планирате дека ќе седите на совозачкото седиште, освен ако не сте веќе надвор пред возилото

Престанете да им кажувате на сите дека вие ќе седите напред, а сѐ уште не сте ни тргнале од дома. Тоа е некултурно. Сите заслужуваат да седат на совозачкото седиште.

3. Ако не знаете да го паркирате возилото, не го ни возете

Ако треба да заземете 2 паркинг места за да се паркирате, тоа е знак дека не знаете што правите. Немојте да возите возило кое не знаете да го управувате. Држете се до она што го познавате.

4. Не галете нечие куче без прашање

Loading...

Никогаш немојте да галите нечие куче без да побарате дозвола. Ова особено важи за непознати луѓе. Само затоа што некој одлучил да си го прошета кучето, не значи дека смеете да го допирате. Доколку вие чувате куче, секогаш шетајте го врзано на синџир. Никогаш не можете да знаете дали ќе налетате на човек кој се плаши од кучиња.

5. Ако скенерот не може да прочита некој производ на каса, не прашувајте дали е бесплатен

Не, не е бесплатен и не, не сте смешни. На тој начин, само ја ставате касиерката во незгодна ситуација. Престанете со ова!

6. Не одете преку ред

Уште од мали години нѐ учат да си го чекаме редот, но и покрај тоа, сѐ уште постојат луѓе кои не го почитуваат ова правило. Ако не сте дошле порано, не заслужувате да бидете послужени пред сите останати.

Image by Rondell Melling from Pixabay

7. Обидете се да препознаете кога не сте добредојдени

Loading...

Немојте да одите со некого на некое место, ако не сте биле поканети. Исто така, ако некој ве поканил некаде, немојте да поканувате други луѓе да дојдат со вас. Не бидете некултурни.

8. Оставете ги на мира луѓето кои носат слушалки во јавност

Луѓето кои носат слушалки во јавност не сакаат да разговараат со вас. Оставете ги на мира. Ретко кога непознати луѓе сакаат да си прават муабет. Секако, дека треба да ги предупредите доколку им се заканува некаква опасност, но немојте да почнувате разговор ако тие се обидуваат да ве игнорираат на учтив начин.

9. Кога некој ќе ви покаже фотографија на телефон, немојте сами да си ги разгледувате и другите фотографии

На овој начин, нарушувате нечија приватност. Ако човекот сакал да ги видите и другите фотографии, ќе ви ги покажел.

10. Не менувајте пелени на места каде што луѓето јадат

Ова не би требало ни да се спомнува, но очигледно се случува во реалноста. Не ја менувајте пелената на вашето дете на места каде што луѓето јадат.

Loading...
Image by 1871454 from Pixabay

11. Измијте ги рацете пред да излезете од тоалет

И ова правило го знаеме уште од деца. Не бидете одвратни и измијте ги рацете откако ќе „завршите со работа“. Тоа ќе ви одземе само 1 минута.

12. Ако имате лош ден, не значи дека и на другите треба да им го уништите денот

Никогаш не смеете да ја истурате вашата лутина и фрустрација на луѓето кои се грижат за вас. Можете да имате лош ден и без да дозволите тоа да влијае на сите околу вас.

13. Никогаш не ги обвинувајте другите за вашите постапки

Loading...

Мора да преземете одговорност за работите што ги правите. Ако нешто се случило по ваша вина, признајте го тоа. Со тоа што ќе ги обвините другите, само ќе предизвикате непотребна драма.

14. Не ги прашувајте жените дали се бремени, особено ако не ги познавате

Само затоа што некоја жена изгледа бремено, не значи дека тоа е навистина така. Крупните жени знаат дека имаат стомаче, не мора да ги потсетувате на тоа. На овој начин не сте забавни, туку некултурни и досадни.

Image by silviarita from Pixabay

Loading...

15. Вратете ја количката за пазарење на соодветното место, а не таму каде што ќе стигнете

Количките за пазарење понекогаш навистина се насекаде. Ако користите количка, вратете ја таму каде што треба. Не ја оставајте каде што ќе стигнете.

16. Ако некој не може да си го поправи изгледот за неколку секунди, не го спомнувајте тоа

Секако дека треба да ѝ кажете на пријателката доколку има нешто меѓу забите, но кажувајте работи од типот „Многу ти се криви забите“ или „Треба да ослабиш“. Луѓето се свесни за своите недостатоци, не мора да ги истакнувате.

17. Кога делите пица со повеќе луѓе, смеете да го земете првото најголемо парче, но не и останатите

Loading...

Мора да го запомните ова правило! Во ред е да земете едно големо парче пица, но не смеете да ги земете сите. Сите заслужуваат да добијат подеднакво количество храна.

Leave a Reply