17 бегалци се уште се наоѓаат на Табановце

Сподели со своите пријатели

Вкупно 17 бегалци се евидентирани во прифатниот камп на Граничниот премин Табановце заклучно денешниот ден, информираат од Регионалниот центар за управување со кризи.

На првиот ден од 2018 година, околу 08:00 часот во кампот пристигнале тројца бегалци со потекло од Либија, двајца од нив биле возрасни, додека едниот бил малолетник. Со потврда од граничната полиција биле предадени во кампот, каде се сместени и згрижени. Само два часа подоцна во кампот пристигнале уште тројца бегалци со потекло од Алжир.

Во Прифатно транзитниот центар Винојуг во Гевгелија има шест бегалци, а Црвениот крст и натаму дели порции храна за бегалците кои таму се сместени.