17.000 луѓе преминале од Русија во Финска викендов

Сподели со своите пријатели

Речиси 17.000 руски граѓани ја преминале границата со Финска во текот на викендот, што е за 80 отсто повеќе од една недела претходно, соопштија денеска финските власти.

Loading...

Финската гранична служба за Ројтерс изјави дека граничниот сообраќај е олеснет рано утринава, но сообраќајот и понатаму е поголем од претходните недели.

„Редите сѐ уште се нешто подолги отколку што беа вообичаено од пандемијата“, соопшти службата, пренесе Танјуг.

Наредбата за делумна мобилизација во Русија предизвика протести низ Русија, апсења на демонстранти и заминување на руски граѓани од таа земја.

Финскиот министер за надворешни работи Пека Хависто во петокот изјави дека земјата ќе го забрани влезот на руски туристи со шенген визи.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Рускиот суд го осуди портпаролот на Мета на шест години затвор

Тој посочи дека забраната за влез се однесува на сите што ја минуваат границата како туристи, без разлика дали патуваат со шенген визи издадени од Финска или друга земја, пренесе ТАС С.

Според висок фински дипломат, забраната нема да важи за Русите кои влегуваат во скандинавската земја за да работат, студираат или да ги посетат роднините.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.

Loading...