166 сообраќајни прекршоци во Скопје, 61 за брзо возење

Сподели со своите пријатели

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (20.07.2021) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

Loading...

На територијата на град Скопје изречени се вкупно 166 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 61 санкција, 15 за возење без возачка дозвола, седум прекршоци што ги чинат возачите на мотоцикли.

Засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, стои во соопштението на МВР.

Leave a Reply