16-годишник од Виена удрил со мотор во момче во Куманово

Сподели со своите пријатели

Вчера околу 13,45 часот во Куманово на крстосницата од ул. „Никола Тесла“ со ул. „Доне Божинов“, се случила сообраќајна незгода, во која мопед “Априлија“ управуван од 16 годишно лице од Виена–Австрија, удрил во пешакот З.А.(18) од Куманово, информираат од Министерството за внатрешни работи.

По незгодата, со возило на Итна медицинска помош, З.А. била пренесена во Ургентен центар Куманово за укажување медицинска помош, каде што и била констатирана телесна повреда. Увид на лице место извршила екипа од Полициска станица за Безбедност на патниот сообраќај Куманово.

По наредба на Јавен обвинител, патната исправа на 16 годишното лице е привремено одземена. За незгодата биле известени инспектор за малолетници, како и инспектор за странци од СВР Куманово.