153 дечиња од социјален ризик од Куманово заминаа на бесплатен одмор

Сподели со своите пријатели

На бесплатно летување преку проектот на Министерството за труд и социјална политика за користење на бесплатна услуга одмор и рекреација за деца од семејства во социјален ризик и деца корисници на посебен додатокзаминаа вкупно 153 дечиња, информираат од Меѓуопштински центар за социјални работи Куманово.

Од дечињата 68 се корисници на родителски додаток за трето дете, 46 корисници на посебен додаток кои заминаа во придружба на своите родители-старатели, 5 корисници на детски додаток, 6 дечиња без родители и родителска грижа, 26 дечиња од семејства корисници на социјална парична помош и 2 од семејства корисници на постојана парична помош.

Сите деца се пристигнати и сместени во ДО Детско одморалиште „Мајски Цвет“ во Струга.

Им посакуваме убав одмор и рекреација, велат од ЈУМЦСР Куманово.

Leave a Reply