15-годишен велосипедист од Куманово тешко повреден откако сограѓанин удрил во него

Сподели со своите пријатели

Петнаесетгодишно момче од Куманово вчера се здобило со тешки повреди, откако во него удрил сограѓанин со своето возило, а притоа оштетил и едно паркирано.

Loading...

– На 04.08.2020 во 17.25 часот било пријавено дека во Куманово, на паркинг простор на бул.„Октомвриска револуција“, патничко возило „шкода“, со кумановски регистарски ознаки, управувано од Б.Ц.(34) од Куманово удрило во велосипед, управуван од 15-годишник од Куманово и во патничко возило „опел астра“, со кумановски регистарски ознаки, паркирано од Н.С.(30) од Куманово, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Во незгодата, велосипедистот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Клиничката болница Куманово, каде што бил пренесен за укажување на лекарска помош.

Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од СВР Куманово.

Никола Ивановски

Leave a Reply