15-годишен мигрант повреден лежел покрај пат во Куманово

Сподели со своите пријатели

Петнаесетгодишен мигрант од Авганистан вчера бил забележан како лежи неподвижно покрај пат во кумановско.

Loading...

На 26.05.2020 во 18.25 часот во СВР Куманово било пријавено дека на магистралниот пат Куманово – Табановце имало лице кое лежи покрај патот. Полициски службеници излегле на местото и било констатирано дека се работи за лице мигрант од Авганистан на возраст од околу 15 години, кој имал повреди на ногата, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Тој бил пренесен во Општата болница Куманово каде му била констатирана прострелна рана во десна потколеница и му била укажана лекарска помош.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Никола Ивановски

Leave a Reply