144 санкционирани возачи во Скопје, 33 за брзо возење

Сподели со своите пријатели

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (01.12.2021) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

Loading...

На територијата на град Скопје изречени се вкупно 144 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 33, 13 санкции за возење без возачка дозвола, 21 мерка за технички неисправни и нерегистрирани возила, 35 за непрописно паркирање.

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, информираат од Министерството за внатрешни работи.