144 лица загинале во сообраќајни несреќи во 2015 година

Сподели со своите пријатели

Вкупно 144 лица годинава својот живот го оставиле на сообраќајниците во Република Македонија, од кои девет деца на возраст измеѓу четири и 13 години и пет деца на возраст до 18 години, според статистиката на Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на Македонија.

Просечно животот годишно го губат од 160 до 170 лица, а рекордот засега останува во 2013 година кога животот во сообраќајни незгоди го загубиле 198 лица, додека последните години бројката опаѓа.

Но, за разлика од 2014 кога загинале 130, оваа година бројката е зголемена на 144 лица.

Во 2015 најмногу страдале пешаците, односно 43 лица животот го загубиле како пешаци учесници во сообраќајот, од кои 60% се на возраст над 60 години.